Жена во Јужноафриканска Република ја продала шестгодишната ќерка: Осудена е на доживотен затвор

103

Жена во Јужноафриканска Република е осудена на доживотен затвор затоа што ја продала својата шестгодишна ќерка.

Кели Смит е осудена со уште две лица, својот партнер Жанал Аполи и нивниот пројател Стивен ван Рин на доживотен затвор поради трговија со луѓе, како и на по 109 години затвор поради грабнување.

Шестгодишната Џослин исчезнала во февруари минатата година и досега не е пронајдена, а во полициската истрага се вклучиле  и граѓаните низ целата земја, додека фотографиите од девојчето биле прикажувни на телевизија.

Судијата ги прочита пресудите во спортскиот центар во градот Салдана Беј, околу 120 километри северно од главниот град Кејптаун, а читањето е преместено тука за да можат да присуствуваат и мештаните.

Смит изјави дека својата ќерка ја оставила со Аполис на денот кога девојчето исчезнало, а жена која сведочеше наведе дека Смит со двајца мажи ја продала својата ќерка на локален исцелител за околу 1.000 долари, кој го барал детето заради орган.

Пресудата не донесе никакви заклучоци за тоа како е продадено детето, ли што точку се случило, но судијата, наведе дека детето е продадено во ропство.

 

ИЗДВОЕНИ