Во понеделникот во гостиварското село Добридол, полициски службеници од Полициското одделение Галате ја уапсија М.С.(45) од елото Калиште, гостиварско.
Таа се сомничи дека претходно истиот ден извршила кражба во куќа во селото Градец, сопственост на Х.А.(49), при што одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра.
Одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а М.С. е задржана во полициска станица и по документирање на случајот против неа ќе следува соодветна пријава.












