Со голема возбуда, баба Слава заедно со своите најблиски го одбележаа големиот јубилеј, а на гости ѝ дојде и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски. Достоинствена и среќна, оваа мудра старица не го криеше задоволството што ја дели роденденската торта опкружена со четирите генерации од семејството и со чиста мисла и убав збор на сите им се заблагодари за честитките. Нејзиното најголемо богатство не се годините, туку луѓето околу неа. Има три деца што ја слушаат како мудра книга, внуци што ја обожаваат и чукунвнуче што трча околу неа и ја исполнува со младешка радост. Да се живее без стрес и без нервоза е животната лекција што постојано им ја повторува на помладите од семејството

Да се доживее стотка во ова бурно и стресно време е привилегија. Меѓу привилегираните е Слава Коцевска, која денеска, во кругот на семејството, дуваше свеќи за својот стоти роденден, а екипа на весникот ВЕЧЕР имаше привилегија да присуствува на оваа несекојдневна забава.
Со голема возбуда, баба Слава заедно со своите најблиски го одбележаа големиот јубилеј, а на гости ѝ дојде и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски. Достоинствена и среќна, оваа мудра старица не го криеше задоволството што ја дели роденденската торта опкружена со четирите генерации од семејството и со чиста мисла и убав збор на сите им се заблагодари за честитките. Повторуваше дека љубовта од семејството, за неа, отсекогаш била движечка сила и најголем поттик. Очите ѝ сјаеја со посебна светлина и жар, бидејќи сите што ги сака беа до неа на најсреќниот ден.
Баба Слава и по еден век живот е витална и подвижна. Секоe утро прво сама си го уредува домот, полека и со трпение, како што учела целиот живот. Средува во кујната, нејзините фиоки се перфектно наместени. „Кога куќата е на место, и душата е на место,“ знае да каже со топла насмевка. Сите години наназад, баба Слава има своја дневна рутина: јаде во одредено време, и тоа умерено и сè уште извршува одредени домашни обврски. Нејзина пасија се везењето гоблени и плетењето, а е и голем љубител на цвеќињата.
Нејзиното најголемо богатство не се годините, туку луѓето околу неа. Има три деца што ја слушаат како мудра книга, внуци што ја обожаваат и чукунвнуче што трча околу неа и ја исполнува со младешка радост. Секогаш кога ќе ги види, очите и светнуваат со истата искра како пред многу децении.

Во нејзиниот дом нема ништо што поминува – сите зборови, совети и спомени остануваат како најубави украси. А баба Слава, со нејзината смирена насмевка и мек глас, ги чува тие моменти подобро од кој било албум.
Нејзините блиски велат дека е многу педантна жена и дека научиле од неа дека треба да се има ред за сè во животот.
– Сите со возбуда го дочекавме овој ден. Мајка ми е будна уште од 3:00 часот. Ми рече: „Леле, плакарот не успеав убаво да го наредам, а луѓе ќе ни дојдат“ – на смеа раскажуваа нејзините.
Да се живее без стрес и без нервоза е животната лекција што постојано им ја повторува на помладите од семејството. Нема ниту ден работно искуство, но затоа целосно му се посветила на семејството, кое максимално ѝ возвраќа за сè што направила за сите.
(А. П.) Фото: (Ѕ.П.)












