Дебатата за тоа дали можат да играат тенисерките против мажи повторно се разгоре. Од Били Џин Кинг и Боби Ригс до Јаник Синер и Аманда Анисимова, одговорот на тоа прашање сè уште не е дефинитивен.

Финалистката на Отвореното првенство на САД повторно ја разгоре контроверзијата на таа тема со својот брилијантен бекхенд, кој го надмина, во тоа време, најдобриот играч на АТП-листата.

Во Њујорк, Анисимова, во просек, ја испраќаше топката во противничкото поле со брзина од 124 километри на час, додека на Синер ударот му изнесуваше 122 километри на час. Карлос Алкараз е уште послаб, со „само“ 117,5 километри на час, во просек, кога е бекхендот во прашање.

Иако Американката со руско потекло загуби во финалето од Арина Сабаленка, многумина се прашуваа дали може да се натпреварува во машка конкуренција, само врз основа на својот бекхенд. Секако, тука е и прашањето дали е доволен само бекхендот. Најверојатно не, како што кажа Серена Вилијамс еднаш.

  • Машкиот и женскиот тенис се два сосема различни спорта, за мене. Ако требаше да играм против Енди Мареј, ќе загубев со 6:0, 6:0 за пет-шест или, можеби, за 10 минути. Мажите играат побрзо, удираат и сервираат посилно. Сакам да играм само против девојки за да не ме засрамат – рече еднаш Вилијамс.

Подобрената технологија во развојот на рекети и на жици им овозможи на жените да го намалат јазот.

Можеби, ќе имаме шанса да откриеме дали е доволно тоа, бидејќи кружат шпекулации за судир меѓу Ник Кирјос и Сабаленка следната година.

 

ИЗДВОЕНИ