Жена го злоставувала својот сопруг со месеци: Го држела во кафез за кучиња, го тепала и не му давала храна

92

Започна судењето на Белгијката Ана В. (47) под обвинение за мачење и злоупотреба на нејзиниот сопруг. Според обвинението, Ана В. постојано го тепала својот сопруг со разни предмети во период од неколку месеци, го заклучувала и му ја одземала храната и основната грижа.

Судот утврдил дека мажот постојано бил лишен од слобода – заклучен во градинарска барака, подрум и кафез за кучиња.

Таа систематски го принудувала мажот бос да го чисти изметот на околу 60 чивави на нејзиниот имот. За да воспостави целосна контрола врз својот сопруг, Белгијката поставила и камери за надзор. Според обвинението, случајот се сведува на „чисто ропство“.

Мажот успеал да избега од кучешкиот кафез во март 2025 година. Бос, неухранет и сериозно повреден, тој затропал на вратата на соседот и побарал помош, јавува t-online.

Кога пристигнале властите, жената се обидела да ја намали сериозноста на случајот, тврдејќи дека нејзиниот сопруг бил само депресивен. Но, ситуацијата се променила кога таа се обидела да ја убеди жртвата да молчи во амбулантното возило. Тогаш реагирале медицинските лица, а полицијата ја уапси.

Само две недели пред нејзиното бегство, обвинетата, според обвинителката, го истурила со врела вода по смртта на две кучиња.

За време на истрагата, пронајдени се и снимки на кои самата обвинета го снимала злоставувањето, додека, според записите, таа се смеела.

Адвокатот на жртвата истакна дека негоиот клиент преживеал систематска тортура и побара привремена отштета од 10.000 евра.

Обвинетата признала дел од дејствијата, но, според обвинителството, таа се обидува да ја минимизира сопствената одговорност. Нејзиниот адвокат тврди дека таа е „сосема друга личност“ која сега прима психолошка помош.

Пресудата сè уште се чека, а обвинителството бара осумгодишна затворска казна за обвинетата Ана В.

ИЗДВОЕНИ