Првпат откако ја напушти клупата на Партизан, Жељко Обрадовиќ проговори за својата иднина. Во емисијата „Game Changers“ на националната грчка телевизија ЕРТ, Жељко Обрадовиќ откри дека не ја завршил тренерската кариера, но дека нема да разгледува никакви понуди до крајот на јуни.
- Во моментов не размислувам за ништо друго, освен за моето семејство. Нема да работам за ниту еден клуб до крајот на јуни. Во овој период немам намера да разгледувам никаков предлог за соработка, без разлика од каде доаѓа – рече Обрадовиќ.
Да потсетиме дека кон крајот на ноември, популарниот Жоц поднесе оставка од функцијата главен тренер на Партизан, а на почетокот од овој месец, во опширно јавно обраќање, ја образложи својата одлука.











