Томас Масиулис (49) е назначен за нов тренер на кошаркарскиот клуб Жалгирис од Каунас, објави литванскиот клуб.

Поранешниот литвански репрезентативец и поранешен кошаркар на Жалгирис потпиша двегодишен договор, со опција за продолжување за уште една сезона. Тој доаѓа од Фенербахче, каде што две сезони му беше асистент на Шарунас Јасикевичиус.

Ова е човек кого го сметаат за симбол на успехот на Жалгирис, тој му ја донесе ФИБА Евролигата во 1999 година, која ја прослави на необичен начин. Се соблече до гола кожа и ја покри „својата гордост“ со трофејот наменет за шампионот.

Тој го повтори истото 26 години подоцна, со оглед на тоа што ја освои Европа со Фенербахче оваа сезона и се потсети на познатата прослава.

ИЗДВОЕНИ