EPA/ALEX PLAVEVSKI

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ мораше да го предаде мечот против Тејлор Фриц на турнирот „Шест кралеви“ по првиот сет поради повреда што ја заработи во овој дел од играта – 6:7 (4-7).

Тој веднаш проговори. Прво одговори на прашањето, како се чувствува?

– Не е баш најдобро, морам да им се извинам на сите. Жал ми е, луѓе. Жал ми е што не го гледав вториот сет, но пофалби за Тејлор, одигравме неколку одлични игри на крајот од првиот сет и можеби беше еден од најдолгите сетови што сум ги играл, да бидам искрен. Како и да е, беше одлично време во Ријад, ви благодарам на сите што ме пречекавте вака. Ова е трет пат да сум тука за три години и ако можам да продолжам вака, ќе се вратам следниот пат.

Каков е планот сега за Новак Ѓоковиќ?

– Сега морам да се опоравам и да видам што се случува со моето тело, да ги играм последните неколку турнири од оваа сезона.

ИЗДВОЕНИ