Зголемени продажните цени на производителите на индустриски производи

8

Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот и на странскиот пазар во јуни годинава биле зголемени за 0,3 отсто во споредба со претходниот месец, а за 5,3 отсто во однос на тој месец лани.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба со мај 2025 година, продажните цени се зголемени во секторот рударство и вадење камен за 2,5  отсто и во секторот преработувачка индустрија за 0,3  проценти, додека остануваат непроменети во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација и во секторот снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината.

Во јуни 2025 година, во однос на тој месец од претходната година, продажните цени на производителите на индустриски производи во секторот рударство и вадење камен се намалени за 2,9  отсто, а се зголемени во секторот преработувачка индустрија за 5,5, во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 8,3  и во секторот снабдување со вода; отстранување на вода, управување со отпад и дејности за санација на околината – за 4,8 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи во јуни годинава, пак, на странските пазари биле зголемени за 0,4 проценти во однос на претходниот месец, а за 5,3 отсто во споредба со јуни 2024 година.

При тоа, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари, во споредба со мај 2025 година, се зголемени во секторот рударство и вадење камен за 2,8  и во секторот преработувачка индустрија за 0,3 отсто. Во споредба со ланскиот јуни, продажните цени на производителите на индустриски производи на странските пазари во секторот рударство и вадење камен се намалени за 3,3 отсто, а во секторот преработувачка индустрија се зголемени за 5,7 отсто.

ИЗДВОЕНИ