Зголемување на основната инфлација овој месец е забележано во однос на претходните периоди. Со цел да се спречи нивното здружување во картели, Инспекторатот повторно ќе врши контрола во трговските објекти. Ова го соопшти премиерот Христијан Мицкоски во врска со висината на основната инфлација и изречените санкции за трговските друштва поради картели и договарање на цени.
-Точно е дека овој месец базната инфлација е малку поголема од претходните. Тоа претежно се должи во делот на овошјето. Тоа го анализираме. Истовремено, Државниот пазарен инспекторат, во соработка со Комисијата за заштита на конкуренцијата, повторно излезе на терен за да изврши детална проверка на трговските објекти и да ги утврди нивните дејствија. Идентификувани се субјектите кои ги организираат ваквите активности. Првичните парични казни имаа карактер на опомена. Очекувам да дојде до смирување во декември, јануари, февруари, а доколку не се случи тоа, ќе одиме чекор понатаму, истакна Мицкоски, без да прецизира за кои конкретни мерки станува збор.
Минатиот месец, Комисијата за заштита на конкуренцијата изрече парични казни на пет трговски друштва и на Стопанската комора на Македонија (ССК) поради нивно картелизирано дејствување и договарање на цени.
Трговските друштва беа казнети со по 50.000 евра, додека Стопанската комора на Македонија доби санкција од нешто над 18.000 евра.












