Зголемен бројот на странски туристи, а намален на домашните

18

Во земјава во март годинава се евидентирани 70 902 туристи, од кои 22.0 отсто биле домашни, а 78.0 отсто странски туристи, соопшти Државниот завод за статистика

Бројот на ноќевањата во март 2025 година изнесувал 132.015, од кои 28.0 отсто се од домашните, а 72.0 отсто од странските туристи.

Во периодот јануари – март 2025 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 10.6 отсто. Кај домашните туристи има намалување за 9.2 отсто, а кај странските зголемување за  21.9 отсто.

Вкупниот број на ноќевањата, пак, е зголемен за 9.1 отсто, така што кај домашните туристи има намалување за 7.8 отсто, а кај странските зголемување за 21.7 отсто.

ИЗДВОЕНИ