Шведската креаторка на содржини за возрасни, Елса Тора, која веќе некое време живее во Англија, одлучи да создаде нова награда наречена „Златен кревет“, а за да ја освои, мора да исполни цел и да спие со многу фудбалери.
Швеѓанката пристигна во Англија пред неколку години и се заљуби во земјата, како и во фудбалот, а особено во фудбалерите. Таа често е на стадиони, а нејзиниот омилен тим е Хал Сити, кој е во сопственост на турскиот тајкун Аџун Илиџали, сопственик и на Марибор, а до неодамна беше член на одборот на Фенербахче.
Но, да се вратиме на Елса, девојката која смисли генијален предизвик.
- Слушнавте за Златната копачка, Златната ракавица, но јас барам нов рекорд. Златен кревет. Ќе спијам со играч од секој тим во Премиер лигата. Три се „архивирани“, останаа уште 17, откри Елса Тора, која има повеќе од 227.000 следбеници на Инстаграм.
Англиските медиуми сугерираат дека станува збор за членови на Челзи, Арсенал и Лестер, но таа самата откри дека најчесто ја контактираат играчи од лондонските клубови.
Елса Тора, која исто така има профил на „OnlyFans“, претходно во 2024 година изјави дека сака да биде првата личност што ќе се породи на Марс.
- Замислете ги сите позиции што можете да ги направите во нулта гравитација. Сакам да бидам првата личност што ќе има секс во вселената, а мојата друга цел е да го родам првиот човек на Марс и да помогнам во колонизацијата на Марс, изјави 22-годишната за „Дејли Стар“.