Голем број шпански медиуми изминативе денови повеќе се занимаваат за приватниот живот на еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Ламин Јамал, отколку за неговата импозантна карира, иако има само 17 години.

Пред само неколку дена тамошните медиуми ја пласираа информацијата дека Јамал е во наводна љубовна авантура со познатата инфлуенсерка Фатима Васкез (29), која е 12 години постара од него, откако и двајцата споделија речиси идентична фотографина на социјалните мрежи.

Поради тоа Фатима добила бројни критики на социјалните мрежи поради кои најпосле реши да се огласи.

  • Ме растргнуваат на интернет – тоа е крајно неправедно. Имам 29 години, немам ни 30. Никому ништо не сум направила. Тоа не влијае само на мене, туку и на моето семејство. Зборувам за смртни закани, навреди, обвинувања како „педофилија“… тоа е премногу, истакна таа во интервју за „Ла Фамилија де ла Теле“.

Васкез нагласи дека никој не реагира на постари мажи со многу помлади жени, додека таа, како жена, сега е фрлена во оган.

  • Поминав само неколку дена со него – токму тоа го покажуваат фотографиите. Немаше ништо повеќе. Не сакам понатаму да коментирам или да правам скандал од тоа. За мене, тоа е апсолутно непотребно, додаде Васкез.

Таа не ги негираше експлицитно гласините за врската со Јамал, но намерно се воздржа од коментирање. Самиот играч на Барселона сè уште не дал никаква јавна изјава. Многу од неговите обожаватели се шокирани што тој е со жена постљара до него, и се плашат дека неговата кариера ќе биде уништена ако продолжи „по тој пат“.

Јамал моментално е еден од најдобрите фудбалери во светот, а во втората сезона со Барселона ја освои Ла Лига, Купот на Шпанија и Суперкупот, а беше елиминиран во полуфиналето на Лигата на шампионите од тимот на Интер. Тој е во потесниот избор за „Златната топка“, која речиси сигурно ќе ја освоеше доколку ја освоеше Лигата на шампионите, а вака останува да видиме за кого ќе се определат фудбалските стручњаци.

ИЗДВОЕНИ