Сè повеќе се зборува за трансферот на Нико Вилијамс во Барселона, а рускиот клуб Зенит би можел да има големо влијание во сето ова. Атлетик Билбао нема намера да го пушти Вилијамс во Барселона за помалку од 62 милиони евра, а каталонскиот клуб би можел да ја надмине оваа сума со помош на рускиот вицешампион.

Зенит, преку социјалната мрежа „Тик-ток“, објави дека финансиски ќе ѝ помогне на Барселона во реализацијата на овој трансфер. Една од причините што ја наведоа беше тоа што Барселона му дозволи на својот тогашен играч, Малком, да му се приклучи на Зенит пред некое време. Тој пристигна во 2019 година, во трансфер вреден 45.000.000, а четири години подоцна стана играч на Ал Хилал за 60.000.000. Тој постигна 42 гола на 109 натпревари на „Гаспром арена“.

ИЗДВОЕНИ