Жена „дивеела“ во Карпош, удрила во возилото на партнерот и го истепала

124

Маж од Тетовско доживеал вистинска драма од партнерката. Како што пријавил во полиција, таа, вчера, на подрачјето на Карпош, со возило удрила во неговото возило и му ги оштетила гумите, а и физички го нападнала.

– На 17.10.2025 во 3:20 часот, во СВР Скопје, 44-годишен маж од Тетовско пријави дека на 16.10.2025 околу 19:00 часот, во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка удрила со своето возило во неговото, а потоа, со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала – известуваат од полицијата за случајот.

МВР презема мерки за расчистување на случајот.

Ден претходно, скопјанка пријавила семејно насилство во полиција.
– На 16.10.2025 во 15:45 часот, во СВР Скопје, 34-годишна жена од Скопје пријави дека во семејниот дом на подрачјето на Карпош била физички нападната од својот татко – известија од полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат оттаму.

ИЗДВОЕНИ