Земјотрес со јачина од 3.3 степени според Рихтеровата скала утрово во 5.45 часот е регистриран во Валандово и околината, информираше Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Епицентарот потекнува од епицентралното подрачје Валандово, 120 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.3.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Валандово и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.