Земјотрес со интензитет од 6,0 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Каспиското Море покрај брегот на Русија вечерва, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 12 километри, 41 километар северозападно од градот Дербент во јужна Русија, се вели во соопштението.
Нема веднаш пријавени повредени или штети.