Земјотрес со јачина од 4,8 степени ја погоди Грција, епицентарот бил помеѓу островите Закинтос и Кефалонија

126

Земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денес, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на земјотресот бил во Јонското Море, помеѓу Закинтос и Кефалонија. Епицентарот наводно бил на длабочина од десет километри.

Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на ЕМСЦ, земјотресот бил краток, но силен и интензивен. Засега нема извештаи за повредени или материјална штета, објавува „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ