Земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала утринава го погоди северниот дел на Грција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (EMSC).
Потресот бил регистриран во 07:16 часот по универзално време (09:16 по локално време), на длабочина од 7 километри. Епицентарот се наоѓал во близина на градот Ксанти, на околу 12 километри западно од него, и на околу 110 километри јужно од Пловдив, Бугарија.
Засега нема информации за повредени или материјална штета, но потресот бил почувствуван во неколку градови во северна Грција и јужна Бугарија.











