понеделник, јануари 26, 2026
Дома БАЛКАН Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција

141

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди грчкиот остров Евија, а беше почувствуван и во Атика.

Поточно, според податоците на Геодинамичкиот институт, земјотресот се случил во 17 часот и 55 минути со епицентар на три километри западно-југозападно од Аливери на Евија.

Земјотресот бил на длабочина од 16,2 километри, пренесува Прототема.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, јавува Танјуг.

ИЗДВОЕНИ