недела, јули 5, 2026
Дома СВЕТ Земјотрес со јачина од 4,4 степени според „Рихтер“ го погоди регионот на...

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според „Рихтер“ го погоди регионот на Неапол – почувствуван и во околните италијански градови

33
OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот на Неапол во Италија утрово во 5:51 часот.

Силниот земјотрес го почувствуваа жителите на Неапол и околните градови, објави агенцијата „Анса“.

Досега не се пријавени штети на зградите. Според податоците од Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), епицентарот на земјотресот е регистриран на длабочина од три километри, 15 километри југозападно од Неапол, објави „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ