Земјотрес со јачина од 4,1 степен, со епицентар во Албанија, е почувствуван попладнево и во северозападните делови во земјава, информира Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
„Денеска во 14:39 минути е регистриран земјотрес чиј епицентар се наоѓа на 173 километри од Скопје, во Република Албанија, со магнитуда од 4,1 според Рихтер“,се вели во соопштението од Сеизмолошката опсерваторија.
Како што велат оттаму, земјотресот е почувствуван и во северозападните делови на нашата држава, со интензитет од 3 степени според Европската макросеизмичка скала.
ИЗДВОЕНИ

Сè уште сонуваме дека сме заедно……в недела, 25 јануари, ќе се одбележи роденденот на балканската музичка ѕвезда

Пензионерите на цена – потребни им се на газдите, а пензиите не им се доволни

Македонија во Давос – пробив или пропуштена шанса?!

Зошто дозволуваме стереотипите постојано да креираат дискриминаторни пречки во секојдневието на маргинализираните жени во Скопскиот плански регион?








