вторник, февруари 24, 2026
Дома БАЛКАН Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер ја погоди Албанија, почувствуван...

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтер ја погоди Албанија, почувствуван е и во Дебар, Струга и Охрид

139

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени според Рихтеровата скала е регистриран во вторник, 24 февруари 2026 година, во 20:00 часот, во подрачјето на Елбасан, Албанија, кој е почувствуван и во Дебар, Струга и Охрид.

Според достапните податоци, епицентарот на земјотресот се наоѓал во подрачјето со географски координати 40,99 географска ширина и 19,75 географска должина.

Хипоцентарот на земјотресот, според податоците од Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 10 километри под површината на земјата.

Во моментов нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат ситуацијата.

ИЗДВОЕНИ