Земјотрес со епицентар во Косово почувствуван и во Скопје

35
Фото: EMSC

Земјотрес со јачина од 3,1 степен според Рихтеровата скала утрово во 7:20 часот е почувствуван во Скопје, информира Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).

Според ЕМСЦ, земјотресот е на длабочина од 5 километри, а епицентарот е на 12 километри од градот Гнилане во Косово, во близина на границата меѓу Косово, Србија и Македонија.

ИЗДВОЕНИ