Земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтер вечерва во 20:29 часот го погоди подрачјето на Мостар, во Босна и Херцеговина.
Според достапните податоци, епицентарот се наоѓал на географски координати 43.322 и 17.4168, на длабочина од 10 километри, недалеку од Мостар.
Како што објавуваат граѓаните на страницата на EMSC, земјотресот бил почувствуван и во Хрватска. „Лесно нишање 2-3 секунди, Опузен“, стои во еден од коментарите.
Тресењето го почувствувале и жителите на Макарска, Метковиќ, Вргорац, Плоче и Сташевица.












