вторник, февруари 10, 2026
Дома ЕКОНОМИЈА Земјите од ЕУ се согласија за забрана на увозот на руски гас...

Земјите од ЕУ се согласија за забрана на увозот на руски гас до крајот на 2027 година

93

Повеќето земји од Европската Унија денес се согласија да го забранат увозот на руски природен гас во ЕУ до крајот на 2027 година.

Мерката беше усвоена на состанокот на министрите за енергија на ЕУ во Луксембург, а сега треба да се дебатира во Европскиот парламент.

Забраната првпат беше предложена оваа пролет од Европската комисија (ЕК).

Со прекинувањето на увозот на руски гас, ЕУ сака да прекине еден од главните извори на руски пари за својата војна во Украина.

ИЗДВОЕНИ