Фарски Острови испишаа историја на Светското првенство во ракомет до 21 година во Полска, обезбедувајќи пласман во полуфиналето. Сите одамна ја отпишаа оваа мала, но многу храбра нација, која прво приреди шоу во групата победувајќи ги Франција и Романија, додека немаше попуштање ниту во четвртфиналето против далеку поуспешната и попозната словенечка репрезентација.

На крајот, младите ракометари од Фарските Острови, земја со само 55.000 жители, победија со 35:33 и ќе се борат за историското финале на Светското првенство. И против Португалија во петок. Од другата страна на ждрепката се Данска и Шведска.

Интересно е што на претходното издание на Светското првенство за млади ракометари, селекцијата на Фарските Острови го освои седмото место, што зборува за очигледната добра работа во помладите категории што се исплатеше. Затоа една од најмалите земји во светот e  во полуфиналето на Светското првенство, што е навистина нетипично не само за ракометот, туку и за спортот глобално.

Ова е второ Светско првенство до 21 година каде што Фарските Острови покажаа сериозен напредок. По седмото место пред две години, сега се во полуфиналето откако ја елиминираа најголемата светска сила – Франција – пред Словенија. Оваа репрезентација успеа да се квалификува за Европското првенство на сениорски селекции на Евро 2024, како и на Евро 2026. Новата генерација, покрај Оли Митун, ја предводат десното крило Хакун Вест Ав Тејгум од Фуксе, како и Елиас Елефсен Скипаготу, кој е централен бек на Кил. Што се однесува до јуниорите, тие играа на три Светски првенства и едно ЕП. Женската репрезентација се квалификуваше за Светското првенство во 2025 година, а на Европското првенство во 2024 година женската селекција на оваа земја го освои 17.место.

Фарските Острови имаат само околу 55 илјади жители на 1.400 квадратни километри, а некои од нејзините играчи се родени во Данска, на која практично припаѓаат.

 

ИЗДВОЕНИ