Поранешниот победник на престижната велосипедска трка Тур де Франс и петкратен олимписки шампион во велосипедизам, Британецот Бредли Вигинс, во интервју за „Обсервер“ призна дека бил зависен од кокаин години по завршувањето на кариерата.

– Земав многу кокаин. Имав навистина голем проблем. Бев зависник. Луѓето немаше да го разберат тоа. Бев под дејство на дрога поголемиот дел од времето. Одев по жица. Сфатив дека имам голем проблем. Морав да престанам – рече Вигинс.

Вигинс, татко на две деца, сега е „чист“ веќе 12 месеци. Тој редовно оди на терапија и се чувствува многу подобро.

– Имаше моменти кога мислеше мојот син дека ќе бидам мртов изутрина – рече Вигинс.

Тој откри како му помогнал легендарниот американски велосипедист, Ленс Армстронг, да заздрави.

– Мојот син многу разговараше со него – рече Вигинс за Армстронг, кој во 2013 година призна дека долго време користел допинг и доби доживотна забрана да се занимава со велосипедизам.

Вигинс стана првиот Британец што победил на престижната велосипедска трка Тур де Франс, во 2012 година, а помеѓу 2004 и 2016 година се истакна на Олимписките игри, освојувајќи пет златни, сребрени и два бронзени медала.

Откако му заврши кариерата во 2016 година, тој западна во лични проблеми, долгови и зависност од дрога.

 

 

ИЗДВОЕНИ