сабота, јануари 24, 2026
Дома СВЕТ Зеленски за „Блумберг“: Уште нема договор за источна Украина во преговорите со...

Зеленски за „Блумберг“: Уште нема договор за источна Украина во преговорите со САД

242
Фото:принскрин, „Икс“

Претседателот на Украина Володимир Зеленски зијави денес дека уште не е постигнат договор за источна Украина во преговорите со САД за мировното решение на судирот.
Зеленски во интервју за агенцијата „Блумберг“ рече дека преговарачите за мировната иницијатива во која посредуваат САД и понатаму се поделени околу територијалните прашања.

Судбината на Украина, е судбина на Европа: Заврши состанокот на европските лидери со Зеленски

„Постојат различни ставови меѓу САД, Русија и Украина и немаме единствен став за Донбас“, рече тој.

Додаде дека Украина настојува на посебен договор за безбедносните гаранции од западните сојузници, пред се, од САД.

„Постои прашање на кое јас и сите Украинци сакаме одговор. Ако Русија повторно почне војна, што ќе сторат нашите партнери“, праша Зеленски.

Некои елементи од американскиот план бараат и понатамошни разговори за неколку „чувствителни прашања“, вклучувајќи ги безбедносните гаранции за Украина, кој денес престојува во Лондон и во Брисел каде што ќе разговара со европските челници за решавање на судирот во неговата земја.

ИЗДВОЕНИ