Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес од говорницата на ООН изјави дека Европа не може да си дозволи Молдавија да падне во руската орбита.
„Русија се обидува да ѝ го направи на Молдавија она што Иран некогаш му го направи на Либан, а потоа меѓународниот одговор беше недоволен“, рече Зеленски пред Генералното собрание на ООН, пренесува „Бета“.
„Веќе ја изгубивме Грузија во Европа, а со години, Белорусија исто така се движи кон зависност од Русија. Европа не може да си дозволи да ја изгуби ниту Молдавија“, рече украинскиот претседател, чија земја е цел на руска инвазија започната во февруари 2022 година.