Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето обраќање до граѓаните изјави дека Украина е под еден од најтешките притисоци и се соочува со ризик од губење на клучен партнер или достоинство, објавија странските агенции.
„Сега е еден од најтешките моменти во нашата историја. Сега Украина може да се најде пред многу тежок избор. Или губење на достоинството, или ризик од губење на клучен партнер. Или тешки 28 поени, или исклучително тешка зима – најтешката – и дополнителни ризици“, нагласи Зеленски.
Зеленски рече дека брзо и конструктивно ќе соработува со Соединетите Држави на мировен план за завршување на војната во Украина со Русија, но додаде дека нема да ги предаде националните интереси на својата земја, пренесува „Укринформ“.
„Ќе презентирам аргументи, ќе убедувам, ќе понудам алтернативи, но сигурно нема да му дадеме причина на непријателот да каже дека Украина е таа што не сака мир, дека таа е таа што го нарушува процесот и дека Украина не е подготвена за дипломатија. Тоа нема да се случи“, нагласи Зеленски.












