сабота, февруари 7, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Во новата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на три клучни...

Зеленски: Во новата рунда преговори со Русија ќе инсистираме на три клучни работи

102

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека во третата рунда директни мировни преговори со Русија во Истанбул, Украина ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на самит.

„Нашата агенда е јасна: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на состанокот на лидерите“, напиша Зеленски на платформата X.

„На сите им е јасно дека навистина ефикасни преговори можат да се водат само на ниво на национални лидери“, додаде тој.

Русија се согласува на нова рунда, но без Лавров и без датум
Изјавите на Зеленски доаѓаат откако тој пред три дена објави дека Украина предложила продолжување на директните преговори. Новиот секретар на Советот за национална безбедност и одбрана, Рустем Умеров, ѝ понуди на Русија нова средба.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денес потврди дека Москва ја поддржува одржувањето на третата рунда разговори, но нагласи дека датумот сè уште не е договорен.

„Од руска страна, нема промени во преговарачката група“, рече Песков.

Руската делегација сè уште ја предводи претседателскиот советник Владимир Медински. Високи функционери како што е шефот на дипломатијата Сергеј Лавров сè уште не учествуваат во преговорите.

ИЗДВОЕНИ