
Средба меѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и специјалниот претставник на САД Стив Виткоф и Џаред Кушнер, зет на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, започна попладнево во БЕРЛИН, објави Дојче Веле.
– Се фокусираме на тоа како сигурно да ја гарантираме безбедноста на Украина, за да не се повтори искуството од Меморандумот од Будимпешта и руската инвазија никогаш. Сметаме на конструктивни разговори – рече Зеленски во објава на платформата „Икс“.
Тој изјави дека сè уште не добил официјален одговор од САД на најновите украински предлози за мировен план, но дека очекува дијалогот да започне денес.
Според француските медиуми, Зеленски е во Берлин обидувајќи се да ја убеди американската страна да ја поддржи идејата за замрзнување на фронтовската линија во нејзината сегашна состојба пред евентуалниот почеток на преговорите со Москва.
Во американската делегација, која пристигна во Берлин порано денес, беа вклучени специјалниот претставник на САД за преговори, Стив Виткоф, како и Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп.
Германски владини извори за весникот „Билд“ изјавија дека разговорите во Берлин ќе траат два дена, а денес ќе се одржат прелиминарни состаноци со советници за надворешна политика, вклучувајќи ги и претставниците на САД и Украина.











