Зеленски: Украина е подготвена за каква било форма на преговори за завршување на војната

89
Фото:принскрин/видео Х

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, денеска изјави дека е подготвен за „каква било форм на преговори“ за завршување на војната со Русија.

Зеленски во своето дневно обраќање рече дека ќе одлучи за „мерките што ќе се преземат“ откако ќе знае кој ќе ја претставува Москва на разговорите закажани за утре во Истанбул.

„Чекам да видам кој ќе пристигне од Русија. Потоа ќе одлучам какви чекори ќе преземе Украина. Украина е подготвена за секаков вид преговори и не се плашиме од состаноци“, додаде Зеленски.

„Руската страна продолжува да се подготвува за преговорите закажани за четврток. Тоа е сè што можеме да кажеме. Не планираме да коментираме понатаму во овој момент“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, на прес-конференција во вторник.

ИЗДВОЕНИ