петок, јануари 23, 2026
Дома СВЕТ Зеленски тврди дека се договорил со Трамп во Давос, САД да ја...

Зеленски тврди дека се договорил со Трамп во Давос, САД да ја снабдат Украина со ракети за „Патриот“

64
Фото: EPA/GIAN EHRENZELLER

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека тој и американскиот претседател Доналд Трамп, на Светскиот економски форум во Давос, се согласиле Соединетите Американски Држави да ја снабдат Украина со ракети за системот „Патриот“.

„Разговарав со претседателот Трамп и добив, нема да кажам колку, ракета PAC-3 за „Патриот“, рече Зеленски за време на разговор со млади луѓе на Националниот форум на талентирани млади, одговарајќи на прашања за резултатите од неговата посета на Давос, пренесува „Укринформ“.

Зеленски рече дека неговата посета на Давос била фокусирана и на глобални прашања и на решавање на специфични задачи.

„Разговаравме за глобални прашања, но решивме прашање кое јасно одговара на прашањето зошто отидов таму“, рече Зеленски.

Како дел од работата на Украинската куќа за време на Светскиот економски форум во Давос, беа потпишани три договори насочени кон обнова и реконструкција на различни сектори на украинската економија.

ИЗДВОЕНИ