Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави во неделата дека претходната американска администрација и ветила на Украина 20.000 проектили за борба против беспилотните летала „Шахед“, но дека тие проектили потоа биле испратени на друга дестинација.
Во интервју за ABC News, Зеленски рече дека утрово украинскиот министер за одбрана му рекол дека Соединетите Американски Држави ги префрлиле проектилите ветени на Украина на Блискиот Исток, пренесува Укринформ.
„За време на претходната администрација министер за одбрана беше (Лојд) Остин и се одлучивме за еден проект. Сметавме на овој проект – 20.000 проектили за борба против „Шахед“.
Според извештаите на медиумите, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги пренасочува критичните одбранбени производи за беспилотни летала наменети за Украина кон американските вооружени сили на Блискиот Исток.