Зеленски: Територијалните отстапки нема да ја убедат Русија да ја заврши војната во Украина

94
EPA-EFE/STRINGER

Територијалните отстапки нема да ја убедат Русија да ја прекине војната во Украина, а бидејќи Москва ја продолжува војната, таа заслужува посилен глобален притисок, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски.

„Русија одбива да ги запре убиствата и затоа не смее да добива никакви награди или бенефиции. Ова не е морална, туку разумна позиција. Отстапките (територија) нема да го убедат убиецот, но само силната заштита ќе го направи тоа“, напиша Зеленски на својот профил на мрежата X.

Тој оцени дека „мир преку сила“ е единствениот мир што може да се постигне со Русија, додавајќи дека се работи деноноќно на ова.

ИЗДВОЕНИ