Зеленски стравува од намалување на поддршката од Западот поради Иран

189
Фото:принскрин/видео Х

Киев го обвинува американскиот претседател Доналд Трамп за неговите контакти со рускиот претседател Владимир Путин и неговата неподготвеност да воведе нови санкции врз Москва.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изрази надеж дека конфликтот меѓу Израел и Иран нема да доведе до намалување на западната помош за Киев и му пренесе на Вашингтон дека е премногу помирувачки кон Москва.

Осврнувајќи се на конфликтот меѓу Израел и Иран што започна во петокот, Зеленски изрази надеж дека „помошта за Украина нема да се намали поради ова“, како што беше случај за време на конфликтот меѓу двете земји во октомври 2024 година, пренесува Хина повикувајќи се на „АФП“.

Украинскиот лидер, исто така, оцени дека европската помош за Украина „забавила“ без американска поддршка.

„Кога тие (Европејците) енергично се приклучија на коалицијата на добронамерните, сфатија дека оваа енергија не постои во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски, признавајќи дека „се појавуваат сомнежи“ меѓу европските сојузници на Украина.

Во друга порака, Зеленски го повика Вашингтон да го „промени својот тон“ кон Русија.

Киев го обвинува американскиот претседател Доналд Трамп за неговите контакти со рускиот претседател Владимир Путин и неговата неподготвеност да воведе нови санкции врз Москва.

„Во моментов, тонот на дијалогот меѓу САД и Русија изгледа премногу помирувачки. Да бидеме искрени: ова нема да го запре Путин. Тонот треба да се промени“, рече првиот човек на Украина.

ИЗДВОЕНИ