понеделник, јануари 26, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: „Секој ‘Виктор’ кој живее од европски пари заслужува шлаканица“; Орбан ја...

Зеленски: „Секој ‘Виктор’ кој живее од европски пари заслужува шлаканица“; Орбан ја обвини Украина за мешање во изборите во Унгарија/ВИДЕО

93
EPA/RADEK PIETRUSZKA POLAND OUT

Унгарија ќе го повика украинскиот амбасадор на разговор поради наводното мешање на Украина во унгарските парламентарни избори закажани за 12 април, изјави денес премиерот Виктор Орбан.

Орбан рече дека украинските лидери, вклучувајќи го и претседателот Володимир Зеленски, минатата недела упатиле „навреди и закани“ кон Унгарија.

Во објава на социјалната мрежа X, тој додаде дека унгарските безбедносни служби заклучиле дека станува збор за координиран обид за влијание врз изборите и дека побарал од министерот за надворешни работи, Петер Сијарто, да го пoвика амбасадорот на разговор.

Зеленски ги критикуваше европските лидери
Зеленски минатиот четврток ја критикуваше Европа, опишувајќи ја како „фрагментиран калеидоскоп од мали и средни сили“ на кои, според него, им недостасува решителност. Тој предупреди дека Европа не треба да дозволи нејзините главни градови да станат „мала Москва“.

Зборувајќи на Светскиот економски форум во Давос, Зеленски рече дека „секој Виктор кој живее од европски пари додека се обидува да продава европски интереси заслужува шлаканица“, што Орбан го протолкува како директна порака до Унгарија.

ИЗДВОЕНИ