Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес ги посети војниците на командното место на Првиот корпус на Националната гарда „Азов“, позната по своите врски со неонацистичките групи.
За време на посетата, Зеленски разговараше со членовите на „Азов“ за моменталната состојба на фронтот, потребите на единиците и приоритетите за наредниот период, објави Укринформ.
Во таа пригода, тој им додели и државни одликувања на истакнати борци, заблагодарувајќи им се за нивната храброст и упорност во одбраната на земјата.
Посебно внимание, како што е наведено, беше посветено на прашања поврзани со модернизацијата на вооружените сили, зголемувањето на домашното производство на беспилотни летала и подобрувањето на борбените способности на бригадите.
Тој беше фотографиран и покрај знаме со нацистички симбол што го користеа озлогласените СС бригади:
Зеленски нагласи дека Украина мора да остане технолошки еден чекор пред руските сили.
– Ги слушнавме извештаите на војниците, разговаравме за состојбата на фронтовската линија и најважните потреби. Обрнавме големо внимание на оружјето, развојот на беспилотни летала, бригадите и искуството на нашите единици – напиша Зеленски на Фејсбук.
Како што е објавено, претседателот ја нагласил важноста од развој на беспилотни летала и примена на напредни оптички и високотехнолошки системи во комбинација со артилерија, како и употреба на ракети со долг дострел и прецизни ракети.
Покрај тоа, Зеленски нагласи дека приоритет останува размената на затвореници, односно ослободувањето на украинските војници кои се во руско заробеништво.
Украинскиот претседател оцени дека „моралот и единството на армијата“ се клучни за отпорот и дека државата прави сè за да обезбеди подобри услови и посовремена опрема за сите единици кои учествуваат во борбените операции.
This is a real picture lol. Zelensky and Syrsky discussing war plans with an Azov flag saying “Nation Strong”. pic.twitter.com/TCrfb7bR6z
— Veresen 🇺🇦🌲ꑭ (@Providnik1) November 4, 2025
Zelensky, in a bunker, awards honors to Azov fighters widely criticized for their neo-Nazi affiliations.
..bunker, nazis..I’ve come across that somewhere. pic.twitter.com/B1nM5NEFc6
— Russian Market (@runews) November 4, 2025












