„Како може да има какви било договори без нас за нас“, праша Володимир Зеленски, претседателот на Украина, коментирајќи ја најавената средба на американскиот и рускиот лидер во Будимпешта за решавање на „украинското прашање“.
„Ако навистина сакаме праведен и траен мир, ни требаат двете страни од оваа трагедија“, рече Зеленски во интервју за NBC News.
Зеленски денеска изјави дека му рекол на Доналд Трамп, претседателот на САД, за време на состанокот во Белата куќа на 17 октомври, дека е подготвен да му се придружи на средбата со Владимир Путин, лидерот на Русија, во Будимпешта.
Кога беше прашан дали ќе инсистира на патување во Будимпешта, Зеленски одговори дека му рекол на Трамп во петокот дека е подготвен, објави агенцијата Укринформ.
Инаку, Трамп разговараше со Путин по телефон еден ден пред средбата со Зеленски.
По разговорот, тој рече дека ќе се сретне со рускиот претседател во Будимпешта „за да разговара за можноста за завршување на војната меѓу Русија и Украина“.