Зеленски: Руската нафтена индустрија ја плаќа цената на војната, ќе биде дополнително погодена

308

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека главна тема на состанокот на украинскиот Генералштаб е зајакнување на капацитетите на Украина за спроведување напади со долг дострел против Русија и нагласи дека нафтената индустрија на земјата веќе ја плаќа цената на војната.

Зеленски рече дека на состанокот присуствувале производители на оружје и сите одговорни за употребата на системи со долг дострел и дека била анализирана ефикасноста на украинските напади во претходниот период.

„Руските рафинерии за нафта веќе ја чувствуваат вистинската цена на војната и ќе платат уште поголема цена. Си поставивме задача да ја прошириме употребата на нашите капацитети со долг дострел“, рече Зеленски во објава на социјалната мрежа Икс.

Украинскиот претседател нагласи дека Киев тесно соработува со домашните производители на оружје по долгорочни договори.

ИЗДВОЕНИ