Зеленски: Русија е таа што ги отфрла сите мировни предлози, а нејзиниот лидер отворено се заканува

153

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија е таа што ги отфрла сите предлози за постигнување мир и дека нејзиниот лидер Владимир Путин отворено ги именува градовите на кои им се заканува.

„Русите отидоа подалеку од гулазите и многу други работи што ги направија во овие години: палејќи градови, палејќи села до темел, оставајќи урнатини без ниту еден човечки живот“, рече Зеленски, пренесе „Укринформ“.

Зеленски нагласи дека секој во светот може да види што рускиот претседател „апсолутно намерно“ направи во источна Украина. „Всушност, Донбас беше уништен. И тие беа таму, во Москва, велејќи дека наводно ќе донесат заштита на Донбас. Тие донесоа смрт, и тоа е единственото нешто што знаат како да го носат. Нашите заедници во Харковскиот регион, во пограничните области на нашиот Сумиски регион, во Херсонскиот регион – Русите го прават истото насекаде“, рече Зеленски, според „Танјуг“.

Тој изјави дека Украина е благодарна на сите во светот кои помагаат во нејзината одбрана, на сите кои воведуваат навистина силни санкции против Русија, ги блокираат трговските шеми поврзани со земјата агресор и на сите кои се обидуваат да промовираат дипломатија. „Но, Русија е таа што ги отфрла мировните предлози. Покрај тоа, сите мировни предлози: американски и, патем, кинески, и европски, и бразилски, и африкански, и индиски. Без разлика кој вели дека војната мора да се запре, Путин не слуша. Путин е тој што отворено му кажува на целиот свет на кои градови им се заканува…“, забележа Зеленски.

Тој изрази надеж дека американскиот претседател Доналд Трамп ќе го чуе ова и ќе види дека Путин сега „се обидува да го одржи постоењето дури и на иранскиот режим, за самата Русија да може да продолжи да води сопствена војна и да убива илјадници луѓе“. На Меѓународниот економски форум во Санкт Петербург, рускиот претседател Владимир Путин рече дека не си поставил цел да го освои градот Суми, но не ја исклучи таквата можност.

ИЗДВОЕНИ