„Се согласивме на бројни компромоси. Путин и неговите соработници не се во затвор. Тоа е најголемиот компромиос кој светот го направи досега“, рече тој. Нагласи дека Украина „не може да заборави“ колку луѓе се убиени во текот на војната, но истакна дека Киев е подготвен да го прекине судирот во секое време.
Меѓутоа, тој додаде дека Путин не покажува искрен интерес за тоа, поради што е потребен поголем притисок на Русија. „Не верувам дека сакаат да ја прекинат војната. Верувам дека можат да го направат тоа под притисок, но додека притисокот не е доволен, тие само ќе си поигруваат“, рече тој.
На дополнително прашање што мисли за тоа дека САД врши сличен притисок и на Украина и на Русија, Зеленски беше воздржан. Тој заклучи дека за прекин на судирите е потребен одлучен пристап. Потребен е вистински притисок. Ако биде под вистински притисок, Путин ќе ја прекине оваа војна“, заклучи тој.
Украинскито претседател смета дека само Соедниетите Американски Дрќжави имаат моќ да ја натераат Русија на постигнување мир. „Да бидеме искрени, денеска само Украина ја Европа. Денеска само Европа дава пари за Ураина и ѝ помага. Само САД можат да го запрат Путин“, заклучи тој.
Зеленски, сепак, изрази загриженост дека Белата куќа можеби не ја разбира суштината на проблемот. „Од она што го гледам, тие испраќаат повеќе сигнали дека Украина треба да направи компромис, а не Русија“, рече тој. „Не мислам дека тоа е правилна позиција. Секако, така е поедноставно“, додаде тој.
Осврнувајќи се на возраста на Владимир Путин, Зеленски забележа дека рускиот претседател, кој сега има 73 години, повеќе не е млад човек. „Тој нема многу време“, додаде украинскиот претседател. „Дај Боже и да нема многу време“, заклучи тој.