Зеленски призна: Украина повеќе не може да ги врати изгубените територии со оружје

744
EPA-EFE/JAVAD PARSA NORWAY OUT

Украинскиот претседател Володимир Зеленски призна дека враќањето на териториите под руска контрола со оружје повеќе не е можно и дека ќе биде потребно да се бараат дипломатски решенија.

Според британскиот Телеграф, Зеленски нагласил дека Киев би го поздравил прекинот на огнот што би го замрзнал конфликтот на сегашната линија на фронтот, но без меѓународно признавање на руската контрола врз која било „окупирана територија“.

„Сепак, Зеленски призна дека ослободувањето на окупираните територии со вооружена сила повеќе не е можно и дека ќе биде потребно да се користат дипломатски средства“, наведува весникот.

Во истиот текст се цитирани и резултатите од анкетата на Галуп, според која само една четвртина од украинските граѓани се подготвени да се борат против Русија „до крај“, што укажува на значителен пад на довербата во можноста за воена победа.

Оваа изјава дојде еден ден по средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот претставник на американскиот претседател Стивен Виткоф во Кремљ, по што беше објавено дека ќе се сретнат Путин и американскиот лидер Доналд Трамп.

ИЗДВОЕНИ