Русија категорично го отфрли предлогот на Киев за божиќно примирје, оценувајќи го како обид на украинската страна да добие време за прегрупирање и продолжување на воените дејствија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека Москва не е заинтересирана за привремени решенија кои само би ја одложиле неизбежната завршница.
„Ние сакаме мир. Не сакаме примирје за да ѝ дадеме пауза на Украина и да ја подготвиме за продолжување на војната“, беше дециден Песков.
Тој нагласи дека Русија ќе седне на преговарачка маса само доколку постои искрена волја за постигнување траен договор, а не за краткорочни и неодржливи паузи во конфликтот.












