Зеленски предлага прекин на огнот до средба со Путин

212
screenshot video youtube

Украинската страна им предлага на Русите прекин на огнот до состанок на шефовите на двете земји за да се разговара за прекин на војната, изјави денес украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на своето обраќање до медиумите.

„Русите не се подготвени за прекин на огнот. Ова ниво на делегација не може да го реши тоа, тие веруваат дека тоа е прашање за лидерите. Тие самите рекоа дека прашањето за прекин на огнот е прашање за повисоко ниво. Ние сме подготвени за состанок веднаш. Местото за состанок треба да го изберат Русите – Истанбул, Ватикан, Швајцарија, сите се достапни. Во понеделник или кој било друг ден“, рече Зеленски, пренесува Укринформ.

Втората рунда преговори меѓу Русија и Украина се одржа во Истанбул во понеделник, а средбата траеше повеќе од еден час во палатата Чираган.

ИЗДВОЕНИ