Зеленски повторно му понуди на Путин директни преговори

524

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес повторно предложи директна средба со рускиот претседател Владимир Путин за преговори за прекин на војната во Украина, пренесува „Бета“.

Путин ги отфрли претходните понуди од Зеленски за средба лице в лице за да се разговара за прекинување на најголемиот конфликт во Европа од Втората светска војна.

Украинскиот претседател, сепак, верува дека делегациите од пониско ниво, како оние што се очекуваат на разговорите во Истанбул утре, немаат политичка тежина за да ги запрат борбите.

Страните остануваат далеку од едногласни за тоа како да се заврши војната што започна на 24 февруари 2022 година.

„Украина никогаш не ја сакаше оваа војна и Русија е таа што мора да ја заврши војната што ја започна“, рече Зеленски во објава на „Телеграм“.

ИЗДВОЕНИ