Зеленски повика на дополнителни санкции кон Русија по синоќешниот напад врз Украина

311

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека само дополнителни меѓународни санкции би можеле да ја принудат Русија да прифати прекин на огнот, по руските беспилотни летала и ракетните напади врз Киев во кои беа повредени 15 лица.

„Само дополнителни санкции насочени кон клучните руски економски сектори ќе ја принудат Москва на прекин на огнот“, напиша Зеленски на мрежата Х.

 

Тој додаде дека Москва е причина за продолжување на војната.

Голем руски напад со беспилотни летала и ракети беше извршен синоќа врз Киев, во пресрет на втората фаза од рекордната размена на заробеници меѓу двете завојувани страни.

Украинските воздухопловни сили денеска соопштија дека во текот на ноќта собориле шест руски балистички ракети и 245 беспилотни летала, во напад кој главно бил насочен кон главниот град Киев.

ИЗДВОЕНИ