среда, февруари 18, 2026
Дома СВЕТ Зеленски: Постигнат е договор САД да го следат почитувањето на режимот на...

Зеленски: Постигнат е договор САД да го следат почитувањето на режимот на прекин на огнот

122
EPA/RONALD WITTEK

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека на украинско-американско-руските преговори во Женева за решавање војната на Русија против Украина е постигнат договор дека следењето на почитувањето на режимот за прекин на огнот ќе се врши со учество на Соединетите Американски Држави, пренесе „Украинска правда“.

„Се разбира, мониторингот ќе ја вклучи американската страна. Верувам дека ова е конструктивен сигнал“, изјави Зеленски за новинарите.

 

ИЗДВОЕНИ